Вести

04 февруари 2025

Приведено лице од кочанско за предизвикување пожар

 

 

 

На 04.02.2025 во 01.40 часот, полициски службеници од Полициската станица Кочани го лишиле од слобода Г.Г.(64) од с.Жиганци, општина Чешиново – Облешево. Тој се сомничи дека околу 23.45 часот предизвикал пожар во нива на стариот пат Штип - Кочани во близина на село Кучичино, општина Чешиново – Облешево. Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Кочани,а повредени лица нема. Лицето било задржано во Полициската станица Кочани и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријва по член 288 од Кривичниот законик.