Вчера (09.01.) во Струмица, полициски службеници од Отсекот за превенција и Полициската станица за безбедност на сообраќајот на патиштата при СВР Струмица реализираа превентивни активности на тема - „Паркирај совесно, паркирај одговорно“ .
Целта на активноста, преку непосредни разговори и делење на едукативни материјали изработени во соработка со РСБСП, беше да им се укаже на возачите за важноста на правилното паркирање на возилата, во насока на безбедно одвивање на сообраќајот и движење на пешаците.