10 јануари 2025

„Вози одговорно, патувај безбедно“, превентивна активност на СВР Скопје

Денеска (10.01.) Одделението за превенција при СВР Скопје во соработка со РСБСП спроведе превентивно едукативни активности под мотото „Користи зимска опрема - биди одговорен возач“ и „Вози одговорно, патувај безбедно“. Едукативно превентивните активности беа спроведени на подрачјето на ПО Сарај односно на наплатната рампа Глумово. 
Основна цел на проектот е зголемување на сообраќајната култура во насока на почитување на сообраќајните правила и прописи, како и зајакнување на довербата и соработката помеѓу полицијата и граѓаните. Исто така, на возачите им се делеше и едукативен печатен материјал изработен во соработка со РСБСП.