Вести

31 декември 2024

Заменик министерот за внатрешни работи Исени заедно со заменик директорот на БЈБ Јашари на терен со полициските службеници од СВР Тетово и ОВР Гостивар


Заменик министерот за внатрешни работи Астрит Исени заедно со заменик директорот на БЈБ Арбен Јашари за време на новогодишната вечер ги посетија полициските службеници додека ги извршуваат нивните работни задачи во Секторот за внатрешни работи Тетово и Одделението за внатрешни работи Гостивар. Како и секоја година, празниците се прославуваат со семејствата или во друштво со пријателите, но МВР и полициските службеници се на работа и се посветени на гарантирање на редот, мирот и безбедноста на нашите граѓани ширум државата.

Целта на оваа посета беше да се споделат неколку празнични моменти со дежурните полициски службеници како едно големо полициско семејство, да им се заблагодариме за нивната работа и да ги поттикнеме во натамошното професионално извршување на нивните должности и обврски. Во Новата 2025 година како Министерство за внатрешни работи заедно со граѓаните да придонесеме за подобра заедничка и безбедна иднина на државата.