16 декември 2024

„Не користете пиротехника“, превентивна активност на СВР Скопје

 Одделението за превенција при СВР Скопје во соработка со лекари од Клиниката за пластична и реконструктивна хирургија денеска во СУГС  „Никола Карев“ во Скопје  организираа трибина на тема „Превенција од пиротехнички средства“, на која присуствуваа  ученици од ова средно училиште.

Исто така, денеска во соработка со полициски службеници од ПСОН Кисела Вода, Одделението за превенција при СВР Скопје одржа едукативна работилница со ученици од општинското основно училиште „Кирил Пејчиновиќ“. Работилницата на тена – „Превенција од користење пиротехнички средства“ беше реализирана со ученици членови на училишниот Клуб за превенција
Инаку, основна цел на активностите беше запознавање на учениците со ризик факторите од употреба на пиротехнички средства, како по нивното здравје, така и по безбедноста на околината и на материјалните добра. Учениците беа запознаени и со законската регулатива според која се санкционира неовластено набавување, продажба и употреба на пиротехнички средства на јавни места, односно дека истите можат да бидат прекршочно или кривично санкционирани.