Одделението за превенција при СВР Скопје и полициски службеници од ПСОН Аеродром денеска (11.12.) реализираа едукативна работилница со граѓани членови на Зружението на пензионери „ Солидарност “ - огранок „Јане Сандански“ на тема „Превенција од имотни деликти“ со посебен акцент на измамите, дрските и џебните кражби, како кривични дела на коишто се најизложени оваа категорија на граѓани односно пензионерите.
На граѓаните им беа посочени начините за препознавање и превенирање на ваквите појави, особено преку благовремена и брза комуникација со полицијата, а воедно им беа поделени и информативни печатени материјали. Инаку, и денеска Одделението за превенција продолжи со едукативните активности во скопските основни училишта.
Така во соработка со ПСОН Ѓорче Петров во ООУ „Димитар Поп Ѓоргиев Беровски“ беа реализирани едукативни работилници со членови - ученици од училишниот Клуб за превенција на тема – „Превенција од пиротехнички средства “, додека пак во соработка со ПСОН Гази Баба на истата тема со ученици членови на училишните клубови за превенција беше реализирани работилница во општинското основно училишта „Крум Тошев“.