Вести

11 декември 2024

Работилница за борба против корупциски кривични дела

Во рамки на процесот „Поддршка на ЕУ за владеење на правото - Компонента 2, Борба против организираниот криминал“, вчера (10.12.) во скопскиот хотел „Александар II“ се одржа работилница за борба против корупциски кривични дела тематски насловена како „Насоки и инструкции за ефикасно откривање и истражување на корупциски кривични дела“.
Работилницата на која што учествуваа полициски службеници од Одделот за крим полиција (како носители на настанот), од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, од Секторите за внатрешни работи при МВР, преку интерактивен пристап, овозможи низа значајни дискусии и дебати во насока на подобрување на стратегиите за борба против корупцијата. Настанот беше одлична можност за размена на знаења, идентификување практични решенија и зајакнување на соработката во справувањето со предизвиците поврзани со корупцијата.
Всушност работилницата имаше за цел да ги поттикне учесниците со акционо знаење и конкретно да посочи околу алатките за подобрување на истражните процеси, при што дополнително акцентото беше ставен на зајакнување на меѓуагенциската соработка и поттикнување на проактивен пристап во борбата против коруптивните дела.