Денеска (29.11.) полициски службеници од СВР Битола и од ОВР Демир Хисар при СВР Битола, во соработка со Црвениот крст спроведоа превентивна активност насочена кон превенција од зависностите и врсничкото насилство.
Активноста беше спроведена со учениците од средното училиште „Крсте Петков Мисирков“ во Демир Хисар. Учениците беа запознаени со законските реперкусии, но и последиците кои произлегуваат од користење и трговија со дрога и алкохол. Исто така, инспекторите на учениците им укажуваа за ризиците и последиците од насилството меѓу младите и за ризиците што произлегуваат од несоодветното користење на социјалните мрежи, односно како навремено да ги препознаат и превенираат таквите појави.