Одделението за превенција при СВР Скопје во соработка со РСБСП денеска (29.11.) спроведе сообраќајни превентивно едукативна активност под мотото „Користи зимска опрема - биди одговорен возач“. Едукативно превентивните активности беа спроведени на подрачјето на ПСОН Гази Баба, односно на излез од град Скопје. Основна цел на проектот беше зголемување на сообраќајната култура во насока на почитување на сообраќајните правила, прописи и сигнализација, како и зајакнување на довербата и соработката помеѓу полицијата и граѓаните. Исто така, на возачите им се делеше и едукативен материјал изработен во соработка со РСБСП.
Покрај ова, денеска и во основното училиште „Марко Цепенков“ во општината Зелениково, беше одржана едукативна работилница на тема „Насилство“. Во тек на едукативната работилница учениците преку видео презентација беа запознати со темата, им беа појаснети поимот насилство, видовите на насилство и начинот за заштита од него. Во рамки на работилниците на учениците им беа презентирани и објаснети начините на препознавање и заштита од меѓуврсничко насилство и превенција од насилство на социјалните мрежи, а се со цел зголемување на безбедноста и намалување на насилството помеѓу учениците.
Посебно беше потенцирана појавата на насилно однесување на учениците во самите училишта и во училишните дворови и дека овој вид на насилство е една од највидливите форми на манифестирање на агресивност преку физичките напади, тепачки, навреди и омаловажување меѓу учениците и како да се превенира оваа појава.