29 ноември 2024

„Не користи мобилен телефон додека возиш“, превентивна активност на СВР Струмица

 

Денеска (29.11.) полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Струмица и од Полициската станица за безбедноста на сообраќајот на патиштата на подрачје на Струмица спроведоа превентивна активност во рамки на проектот „Не користи мобилен телефон додека возиш- секој повик може да почека“.

Полициските службеници во разговор со возачите им укажуваа за опасноста која може да ја предизвика користењето на мобилен телефон додека управуваат моторни возола, со што би ја загрозиле нивната лична безбедност и безбедноста на останатите учесници во сообраќајот. На возачите, исто така, им беше поделен и едукативен материјал обезбеден од РСБСП.