29 ноември 2024

Превентивна активност на РЦГР Југ

 

Денеска (29.11.) полициски службеници при Регионалниот центар за гранични работи Југ во соработка со полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор „Богородица“ во Прифатно транзитниот центар „Винојуг“ спроведоа превентивна активност на тема – „Илегална миграција и права на мигрантите“.

Во рамки на едукативната презентација наменета за мигрантите во моментов стационирани во центарот, се говореше околу проблематиката на здравствена заштита на мигрантите, а беа споделени и оние најважни информации по однос на Законот за меѓународна и привремена заштита и околу правото на азил. Воедно на мигрантите им беа поделени едукативни летоци испечатени на повеќе јазици со информативни содржини во нивен интерес.