Министрите за внатрешни работи на Македонија, Австрија и Србија како и претставник на МВР на Унгарија, м-р Митко Чавков, г-ѓа Јохана Микл-Лаитнер, Небојша Стефановиќ и г-ѓа Кристина Берта (заменик државен секретар), на утрешната средба (04.09.) во Охрид во хотелот Инекс Горица (во 10 часот) ќе го потпишат Меморандумот за разбирање посветен за чекорите кои се неопходни за задржување на вонредниот притисок на мешана миграција која ги засега овие земји.
Предвидено е, по потпишувањето на Меморандумот за разбирање, во 11,30 часот да биде дадена изјава за медиумите.