Одделението за превенција при СВР Скопје денеска (31.10.) во соработка со Полициската станица од општа надлежност Драчево во општинското основно училиште „Наим Фрашери“ во село Студеничани, скопско, спроведоа едукативна работилница за учениците - членови на Клубот за превенција при ова основно училиште на тема „Детски права и обврски“.
Основна цел на едукативната работилница беше информирање на децата, како и детектирање и препознавање на различни проблеми поврзани со безбедноста на учениците, со посебен акцент на превенцијата од сите видови насилства и подигнување на свеста и безбедносната култура кај малолетниците како сторители или жртви на некој вид насилство