30 октомври 2024

Едукативни работилници на СВР Скопје

Денеска (30.10.) Одделението за превенција при СВР Скопје во соработка со Полициските станици од општа надлежност Карпош и Аеродром, како и Полициското оделение Шуто Оризари, реализира четири едукативни работилници со ученици од основни училишта на подрачјата на надлежност на овие организациони единици при СВР Скопје.

Така, на подрачјето на ПСОН Карпош во основните училишта „Христијан Тодоровски Карпош“ и „Владо Тасевски“ , со учениците од училишните Клубови за превенција беа одржани две работилници на тема „Детски права и обврски“. На истата тема беше и превентивно-едукативната работилница во основното училиште „Браќа Рамиз и Хамид“ (на подрачјето на ПО Шуто Оризари) каде што учествуваа учениците од тамошниот Клуб за превенција, додека пак во основното училиште „Димитар Македонски“ (ПСОН Аеродром) со учениците од училишниот Клуб за превенција се работеше околу темата „Превенција од меѓуврсничко насилство“. Овие активности, инаку, се спроведуваат во рамки на превентивниот проект „Безбедност во училиштата“.