26 октомври 2024
Претрес во Тетово, пронајдена дрога, приведено едно лице
На 25.10.2024 во 17 часот полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода И.Х.(49) од Тетово, затоа што при претрес во неговиот дом и помошни простории, извршен со судска наредба, бил пронајден хероин. И.Х. е задржан во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок.