15 октомври 2024

Превентивна активност на СВР Скопје

Одделението за превенција при СВР Скопје денеска (15.10.) во ЈОУДГ „Пролет“ – во Карпош, спроведе сообраќајно едукативна активност со деца од поголемите групи од предучилишна возраст згрижени во оваа градинка, а со цел тие да бидат запознаени со основните правила за учество во сообраќајот, прилагодено на нивната возраст. Активноста се спроведе во дворот на градинката, како и на надворешниот простор околу градинката, каде што на дечињата практично им се презентираа основните сообраќајни правила и знаци, важни за нив како пешаци.

При презентацијата појаснета беше и улогата на полицискиот службеник во сообраќајот, како и начинот на интеракција со граѓаните.