Отсекот за превенција при Секторот за внатрешни работи Битола, денеска (02.10.) на локации во близина на градскиот парк во Битола спроведе превентивно едукативна кампања за заштита од џебни кражби. Активноста примарно беше фокусирана на повозрасните граѓани, а се реализираше преку непосредни средби и разговори со нив. Притоа, полициските службеници споделија совети како граѓаните да се заштитат, а дополнително беа поделени и едукативни печатени материјали. Во разговорите беше потенцирана и неопходноста од соработка и навремена комуникација со полицијата, пред се преку брзо пријавување на таквите случаи на бесплатниот телефонски број 112.
Исто така, во Битола, во текот на вчерашниот ден, полициски службеници од СВР Битола и ОВР Демир Хисар на подрачје на Демир Хисар реализираа трибина посветена на безбедноста во сообраќајот.
ОВР Крушево, пак, денеска (02.10) спроведе превентивна активност под мото „Не користи мобилен кога возиш" посветена на возачите на моторни возила, на кои им беше укажано на последиците кои можат да настанат доколку се користи мобилен телефон додека се управува возилото.