Вести

29 септември 2024

Покана до медиуми

Утре (30.09.2024) во 10.00 часот во полицискиот центар Ѓорче Петров, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски ќе присуствува и ќе се обрати на отворањето на Регионален центар К9 за обука и сертификација проект поддржан од Мисијата на ОБСЕ во Скопје.

По обраќањата планирано е разгледување на тренинг центарот и презентација од Единицата за службени кучиња при МВР. Бидејќи новинарските екипи треба да бидат пренесени на локацијата внатре во полицискиот центар, го очекуваме вашето присуство најдоцна до 09.45 часот. Ги покануваме заинтересираните медиуми да го проследите настанот.