Вести

28 септември 2024

Санкции за правно и физичко лице поради неправилности при вршење јавен превоз со товарно возило

 На 27.09.2024 околу 22.45 часот на наплатна станица Романовце, кумановско, полициски службеници од  Мобилната единица за компезаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграции запреле и извршиле контрола на товарно возило „сканиа“ со кавадаречки регистарски ознаки, сопственост на правно лице од Кавадарци, а управувано од Р.Р. од Кавадарци.

При контролата било утврдено дека возачот во моментот користел туѓа картичка за запишување во патниот сообраќај. За настанот е известен Државниот инспекторат за транспорт и врски, кој изрече глоби за возачот, правното лице и управителот на правното лице по член 55 став 1 и член 60 став 1 од Законот за работното време на мобилните работници со патниот сообраќај и уредите за запишување во висина од 7.500 евра. Исто така, одземена е и возачката картичка.