Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, денеска (27.09.2024) учествуваше на меѓувладина седница помеѓу Владата на Македонија и Владата на Унгарија. Заедно со двајцата премиери и останатите министри дискусијата беше насочена кон значајни прашања од заеднички интерес.
Денешните разговори беа насочени кон зајакнување на економските врски, реализација на инфраструктурни проекти, поттикнување на културната соработка, како и интензивирање на напорите во борбата против криминалот и корупцијата.