04 септември 2024

Превентивни активности на СВР Скопје

Денеска (04.09.) Одделението за превенција при СВР Скопје во соработка со РСБСП спроведе превентивно едукативна активност под мотото „Не зборувај на мобилен додека возиш“. Едукативно превентивната активност се спроведе на подрачјето на општина Ѓорче Петров, односно на булеварот „Ѓорче Петров“, а основна цел беше зголемување на сообраќајната култура преку почитување на сообраќајните правила, прописи и сигнализација, како и зајакнување на довербата и соработката помеѓу полицијата и граѓаните. Исто така, на возачите им се делеше и едукативен печатен материјал.

Дополнително, вчера и денеска Одделението за превенција реализираше и координативна работна средби на подрачје на ПСОН Аеродром со надлежните во ООУ „Љубен Лапе“, како и на подрачјето на ПСОН Ѓорче Петров, односно во просториите на општината Ѓорче Петров со претставници на локалните власти, а во врска со преземање на мерки и активности за безбедно отпочнување на учебната година, како и координација за реализација на превентивни активности согласно проектот „Безбедност во училиштата“ наменет за учениците од седмо, осмо и деветто одделение, со кој што се опфатени темите: „Детски права и обврски“ , „Превенција од насилство“ , „Превенција од зависности“ , „Превенција во сообраќајот“ и други теми значајни за учениците во делот на нивната безбедност.