04 септември 2024

Превентивни активности на ОВР Ресен и ОВР Прилеп за побезбеден сообраќај

Полициски службеници од Одделенијата за внатрешни работи Ресен и Прилеп, при СВР Битола, денеска (04.09.) како и во текот на вчерашниот ден, во соработка со Републичкиот совет за безбеност на сообраќајот на патиштата спроведоа превентивни едукативни активности под мотото „И јас и ти сме пешаци“.

Активноста беше спроведена на подрачјето на Ресен и Прилеп, односно на фреквентните сообраќајници и плоштадите со цел зголемување на сообраќајната култура кај учесниците во сообраќајот, во насока на почитување на сообраќајните правила, прописи и сообраќајната сигнализација, како и зајакнување на довербата и соработката помеѓу полицијата и граѓаните. Исто така, на граѓаните им беше поделен и едукативен печатен материјал со информативни содржини од областа на безбедноста во сообраќајот.