Денеска (04.09.2024) пред Основното општинско училиште „Јосип Броз Тито“ во Валандово, полициски службеници од Полициската станица Валандово спроведоа превентивна активност од областа на сообраќајната безбедност, наменета за првоодделенците, а во рамки на проектот „Безбедно од домот до училиштето“.
Во присуство на наставници и родители, учениците од прво одделение беа запознаени со основните сообраќајни правила и прописи, со цел нивно безбедно движење кон училиштето и назад кон домот.