Вести

09 август 2024

Соопштение

                  

 
Министерството за внатрешни работи најостро го осудува оштетувањето на спомен плочата кај Карпалак поставена во спомен на загинатите припадници на безбедносните сили во 2001 година и ја известуваме јавноста дека се преземаат сите потребни мерки и активности за расчистување на случајот и најстрого санкционирање на сторителот.  Денеска (09.08.2024) во 11.05ч. во СВР Тетово е пријавено дека е оштетена спомен плочата поставена кај Карпалак. По расчистување на случајот, соодветно ќе ја известиме јавноста.