Вчера (07.08.) согласно оперативниот план „Безбедно лето 2024“, на подрачјето на надлежност на СВР-Тетово, а со цел одржување на поволна безбедносна состојба во делот на јавниот ред и мир, сообраќајот, како и спречување на вршење на кривични дела, полициски службеници од СВР Тетово одржаа средби со одговорните лица- менаџери на угостителски објекти од подрачјето на Тетово.
На средбата на сопствениците и менаџерите им беше укажано на потребата од доследно почитување на законските одредби, особено од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир, и потребата за навремено пријавување во полициските станици на сите евентуални нарушувања или други видови незаконски постапки, со посебен акцент на употреба на огнено оружје или употреба на пиротехнички средства надвор од законските прописи.
Целта на активноста покрај меѓусебното информирање, беше насочена кон градење мерки за соработка и потесна комуникација меѓу правните субјекти и полицијата, а со цел максимално почитување на законите и одржување на безбедноста на посакувано ниво.