Во текот на денешниот ден, директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев заедно со тимот од оперативниот штаб изврши скенирање на клучните локации во Крушево и се сретна со колегите на терен задолжени за редот и безбедноста, а по повод чествувањето на националниот празник Илинден. Директорот пред колегите истакна дека заедничка задача е да обезбедиме достоинствена прослава по повод 121-та годишнина од формирањето на Крушевската Република и Илинденското востание, кога се постави темелот на борбата за независност.
Полицијата во служба на граѓаните, заедно во славењето на нашата историја и во градењето на нашата иднина.