Вести

01 август 2024

Превентивна активност на СВР Куманово


Денеска (01.08.2024) во просториите на општина Крива Паланка се одржа состанок на кризниот штаб, на кој присуствуваа командирот на ПС ОН Крива Паланка, претседателот на Совет на општина Крива Паланка, претставници од Територијална противпожарна едница Крива Паланка, ЈП „Национални шуми“, ДСЗ, ЦУК, претставници на јавни претпријатија од општината... на тема „Превентивно постапување со цел заштита и спречување на пожари“ во пресрет на претстојниот празник Илинден, кога се одржуваат повеќе манифестации во повеќе населени места на подрачје на општина Крива Паланка и се очекува присуство на поголем број граѓани. На одржаниот состанок на Кризниот штаб донесени се заклучоци за заедничко постапување на терен со вклучување на претставници од сите надлежни служби. Воедно, преку локалните и социјалните медиуми испратен е јавен повик до граѓаните за почитување на мерките за спречување на настанување на пожари, како и за почитување на забраната за движење во шумските предели, со цел заштита на животот и здравјето на луѓето, а исто така издадено е предупредување дека доколку не се почитуваат законските прописи ќе бидат преземени соодветни законски мерки.