01 август 2024
„Вози внимателно и одговорно“, превентивна активност на СВР Битола
На 31.07.2024 полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Битола во содејство со полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Битола, на повеќе локации на подрачјето на Битола спроведоа превентивна активност во рамки на кампањата „Вози внимателно и одговорно“, под мотото „Алкохолот е лош сопатник-не пиј кога возиш“.
Целта е подигнување на свеста кај возачите дека не смее да се конзумира алкохол доколку управуваат возило, затоа што така го загрозуваат и својот живот и животот на другите учесници во сообраќајот. На учесниците во сообраќајот им беа делени и летоци со едукативна содржина.