Вести

31 јули 2024

Средба Јанев - Хоџа

„Генерално гледано, со оглед на досегашната извонредна билатерална соработка меѓу македонската и косовската полиција, сосема објективни се можностите за натамошно продлабочување на таквото партнерство и во билатерален но и во мултилатерален поглед, преку заедничката партиципацијата во евроатлантските и други меѓународни асоцијации“.
Ова меѓу другото беше констатирано на денешната работна средба на првиот човек на Бирото за јавна Безбедност на македонското министерство за внатрешни работи, Александар Јанев и неговиот косовски колега, директорот на полицијата на Р.Косово, Газменд Хоџа, а која што се одржа во рамки на посетата на високата делегација на косовското МВР на РСМ предовдена од министерот Џелал Свечла.
Притоа на средбата особено беше апострофирана соработка во делот на граничните работи и сузбивањето на прекуграничниот криминал, како и заедничките активности во делот на организираниот, како конкретни и позитивни показатели во која насока треба да се движи интензивирањето на натамошната оперативна соработка.