23 јули 2024
Расчистени шест тешки кражби во радовишко, сторителот приведен, следува кривична пријава
На 22.07.2024 во 20.15 часот, полициски службеници од СВР Струмица - Полициската станица Радовиш го лишиле од слобода И.А.(31) од село Габревци, општина Конче. Тој се сомничи дека во април и јули 2024 на подрачје на општина Конче извршил шест кривични дела „тешка кражба“, од кои пет во куќи и една во викенд куќа.
Лицето било задржано во Полициската станица Радовиш, за настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Радовиш и по документирање на случаите против него ќе биде поднесена соодветна пријава.