Вести

10 јули 2024

Со хеликоптер на МВР ставен под контрола пожарот кај село Караслари, велешко

Денеска (10.07.2024), хеликоптер Бел-412 од Одделот за воздухопловни единици на МВР повторно дејствуваше врз пожар во село Караслари, општина Велес. Хеликоптерот во 30 налети исфрли 45 тона вода и во координација со силите на терен дејствуваше за гаснење на преостанатите жаришта, со што пожарот е ставен под контрола. По добиено второ барање од ЦУК, хеликоптерот е упатен и дејствува врз пожар во неготинско.