Вести

08 јули 2024

Крводарителска акција на СВР Куманово

Денеска (08.07.2024), во периодот од 09.00 до 15.00 часот, во просториите на СВР Куманово е спроведена редовна крводарителска акција на вработените во СВР Куманово, во која се собрани 20 крвни единици.

Имено, оваа крводарителска акција како индивидуален одраз на хуманост и на солидарност е втора по ред од предвидените три за 2024 година, што полициските службеници ги реализираат според годишниот план за крводарителство на СВР Куманово.

Со секоја крводарителска акција припадниците на полицијата придонесуваат и за афирмација и унапредување на крводарителството во МВР.