Вести

04 јули 2024

Средба на директорот на БЈБ Александар Јанев со тимот на Компонента 2 од проектот "Поддршка на ЕУ за владеење на правото"

Денеска, (04/07/2024),директорот на Бирото за Јавна Безбедност Александар Јанев заедно со својот тим оствари работна средба со тимот на Компонента 2 од проектот „Поддршка на ЕУ за владеење со правото“, претставена од Роберт Сплајт, Мојца Кузмички и Александра Настоска Аби Сааб.

Акцентот на средбата беа активностите на Компонентата како зајакнување на капацитетите за ефективно спроведување на современите истражни техники во борбата против организираниот криминал.

На средбата беше разговарано и за претстојните активности на проектот и нивното имплементирање во пракса, со посебен акцент на петте главни предизвици: поддршка за Национална стратегија и акциски план за борба со организираниот криминал, поддршка за Национална стратегија и акциски план за борба со сајбер криминал, поддршка за превентивни мерки и истраги против корупција, поддршка на реформата на Сектор за прикриени операции, подобрување на аналитичките капацитети и капацитети за прикриени човечки извори на информации.

На крај и двете страни дадоа уверување во одличната соработка која ќе следува во иднина.