Денеска (23.05.) полициски службеници од Полициската канцеларија Пехчево и од ОВР Берово реализираа превентивна активност на тема „ Улогата на полицијата во заедницата и запознавање со сообраќајни правила и прописи“ во детската градинка „8-ми Септември“ во Пехчево за деца од предучилишна возраст. Притоа, на децата им беше презентирана улогата на полицискиот службеник, како и опремата за работа, со посебен акцент на важноста на сообраќајните правила и прописи за безбедно одвивање на сообраќајот и безбедност на пешаците во сообраќајот.
Исто така, денеска полициски службеници од ОВР Берово, на градскиот плоштад во Берово спроведоа превентивна активност на тема „заштита од кражби и тешки кражби“. На граѓаните им беше укажано како да се заштитат, каде да пријават, односно за неопходноста од соработка и нивна комуникација со полицијата. Полициските службеници на граѓаните им поделија и летоци со едукативна содржина.
Вчера (22.05.) полициски службеници од Полициската станица Кочани во соработка со општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата и сообраќаен инспектор од општина Кочани, за учениците од второ и трето одделение при Основното општинско училиште „Кочо Рацин“ во Кочани, реализираа превентивно едукативно предавање на тема „Децата безбедни во сообраќајот“. Притоа на учениците им беше укажано за важноста од почитување на сообраќајните правила и прописи, а особено внимателно да поминуваат на пешачки премин и да ја почитуваат сообраќајната сигнализација – семафорите и пешачките премини.