Вести

23 мај 2024

Потпишан меморандум за разбирање за поддршка на полициските реформи помеѓу полицијата на Кралството Шведска и МВР

На 22 мај 2024 се одржа Управен одбор за проектна соработка во рамките на Програмата на Кралството Шведска за поддршка на полициските реформи во Република Северна Македонија. Во рамките на наведената програма, проектните активности се поделени во две компоненти кои се однесуваат на работата на полицијата во заедницата и на правата на децата.

На состанокот беше потврдена поддршката од двете институции за проектните активности кои е предвидено да бидат реализирани до крајот на 2026 година. Воедно, од страна на помошник на министерот на Одделот за европска унија и меѓународна соработка Муамет Реџепи и шефот на Одделот за меѓународна соработка и мировни мисии при полицијата на Кралството Шведска Кристофер Мулер беше потпишан Меморандум за разбирање меѓу Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија и полицијата на Кралството Шведска.