17 мај 2024
Средба на раководството на СВР Скопје со претставниците на мисијата на ОБСЕ
Денеска (17.05.2024) раководството на СВР Скопје оствари работна средба со претставниците на мисијата на ОБСЕ во Скопје.
На средбата беше потенцирана успешната соработка која СВР Скопје ја имаше со мисијата на ОБСЕ во Скопје за целиот период на претседателските и парламентарните избори 2024 година.
Раководството на СВР Скопје изрази голема благодарност за ангажманот и присутноста на ОБСЕ според договорената агенда во текот на одржувањето на изборите.