17 мај 2024
Приведен кавадарчанец по распишана централна потерница
Денеска (17.05.2024) во 01.10 часот во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода Д.А.(36) од Кавадарци.
Тој бил баран по централна потерница издадена врз основа на судска наредба за издржување на затворска казна во времетраење од две години.
Лицето било спроведено во Казнено – поправната установа Затвор Гевгелија за издржување на казната.