Вести

16 мај 2024

67 санкционирани возачи на мотоцикли

Во текот на вчерашниот ден (15.05.2024) во периодот од 12.00 до 19.00 часот спроведена е акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли, при што санкционирани се 67 возачи. Од нив, 41 возач не користел заштитна кацига за време на возење, 17 возеле без возачка дозвола... За време на контролата санкционирани се и 147 други видови на сообраќајни прекршоци.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.