Во периодот од 08.04.2024 до 12.04.2024 година, од страна на Центарот за обука, во соработка со искусни теренски оценувачи од Секторите за внатрешни работи при БЈБ, беше спроведено теренско оценување на кандидатите од основна обука за полицаец генерација 2023/24 година, од суштинската активност „Контрола и регулирање на сообраќајот“, каде што во реална ситуација кандидатите за полицаец беа оценувани, односно истите имаа за задача да извршат правилно и безбедно запирање на возило, да направат контрола на возачките документи и да пополнат соодветен образец.