Вчера (02.04.) од страна на полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Велес со учениците од деветто одделение од Основното општинско училиште „Димката Ангелов Габерот“ во Кавадарци беше спроведена едукативна работилница на темите „Врсничко насилство“, „Штетните последици од зависност- дрога и алкохолизам“ како и кампањата „Кажи не на дрогата, да за животот“.
Притоа, на учениците преку соодветно прилагодена презентација како и практични примери од полициските искуства во работата со овие социо-девијатни појави им беа претставени штетните последици од врсничкото насилство и од зависностите, вклучително и законските последици што од нив произлегуваат, како и начините и методите кои што треба да ги користат и применуваат во справувањето со овој вид на појави, заради благовремена превенција и заштита.