16 февруари 2024
Средба во Центарот за обука со заменик амбасадорката на Мисијата ОБСЕ во Скопје
Во Ценатрот за обука беше остварена работна средба помеѓу помошникот на министерот м-р Суза Трајковска и заменик амбасадорката на Мисијата на ОБСЕ во Скопје д-р Сузан Пенкса. На средбата е изразена взаемна благодарност за досегашната успешна континуирана соработка помеѓу Центарот за обука како дел од Министерството за внатрешни работи и Мисијата на ОБСЕ во Скопје, за реформи кои се планирани за во иднина и предизвици со кои би можел Центарот да се соочи.
Исто така беше дискутирано за тоа кои се планирани промени и како Мисијата на ОБСЕ може да помогне на тој пат и во кои области.