10 февруари 2024

Тошковски ги посети семејствата на загинатите бранители кои престојуваат во одмoралиштето на МВР во Пониква

Денеска (10.02.2024г.) министерот за внатрешни работи Панче Тошковски беше во посета на зимското одмoралиште на МВР во Пониква каде што во овој период се сместени и престојуваат децата и семејствата на загинатите бранители.

Во рамките на оваа посета министерот Тошковски имаше чест да присуствува на заеднички ручек со семејствата на загинатите бранители и во една пријателска атмосфера да поразговара со нив.

Во разговорт тој истакна дека жртвата што нивните најблиски ја дале за нашата татковина нè задолжува да направиме сè што е во наша надлежност со цел да им се излезе во пресрет на сите нивни барања и потреби и во таа насока потенцираше дека како министер им стои на располагање за нивна поддршка во рамките на надлежностите кои се од делокругот на работа на МВР.

Исто така, во рамките на посетата министерот се сретна и со припадниците на Единицата за брзо распоредување кои во моментов се на обука во зимски услови согласно елаборатот и годишната програма за обука на единицата и му беше извршена презентација на дел од опремата за алпинизам која се применува при спасувачки мисии.