На ден 06.12.2023 година во Центарот за обука на министерството за внатрешни работи, се одржа тркалезна маса за спроведен прв циклус на каскадни обуки во Секторите за внатрешни работи и Регионалните центри за гранични работи на тема: „Ефективно полициско работење во заедниците на Ромите и Синтите во согласност со човековите права“.
На тркалезната маса се конкретизираа натамошните чекори во насока на натамошно континуирано спроведување на тематската обука.
Изготвувањето на наставната програма за обуката и нејзиното целосното реализирање е поддржано од страна на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, а циклусот обуки се спроведува од страна на обучувачи од Центарот за обука со советниците за КСФО во Министерството за внатрешни работи.