Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (20.11.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 168 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 14 санкции, девет мерки за возење без возачка дозвола, две санкции за возење под дејство на алкохол.
Изречени се 11 мерки за користење мобилен телефон при возење, шест санкции за некористење сигурносен појас, девет мерки за минување на затворен сигнал – црвено светло...
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.