Во периодот од 07.11.2023 до 09.11.2023 година, делегација од Министерството за внатрешни работи предводена од м-р Суза Трајковска-Помошник на министерот на Центар за обука, оствари студиска посета на Полициската академија во Анкара, Република Турција со академии и Центри за обука во нејзин состав.
Во рамки на студиската посета, беа остварени поединечни работни средби со високите раководства на Националната полициска академија во Анкара, од кои се истакнува средбата со Директорот и проф. Д-р. Јилмаз Чолак и неговиот тим на директори на оддели. Воедно, беше остварена посета и на Академијата за жандармерија и крајбрежна стража, Одделот за борба против криумчарење и организиран криминал – Интернационална академија TADOC, како и Центарот за стручна обука на полицијата во Ајкрут.
За време на студиската посета беа разменети искуства од областа на полициската обука, а воедно беше разговарано и за натамошно унапредување на меѓусебната соработка во насока на размена на кадри за обука, наставни програми, одржување заеднички обуки и поддршка во изготвување на каталози за обука.