24 септември 2023

Претрес во Куманово, пронајдена дрога, приведено едно лице

На 23.09.2023, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Куманово ја лишиле од слобода С.М.(24) од Куманово. При претрес во нејзиниот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана и дигитална вага со остатоци од марихуана.
Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.