Во рамките на континуираните превентивни активности на Одделението за превенција при СВР Скопје а како дел од Годишната програма за работа денеска (23.09.) на подрачјето на Полициското одделение Петровец, поточно кај наплатна рампа Миладиновци, беше реализирана превентивна активност во врска со кампања за заштита на шумите од пожари.
Во кординација со ЈП „Национални шуми“ и Шумска полиција, полициските службеници во непосредна комуникација со возачите и нивните сопатници укажуваа на неопходноста од внимателност и одговорност околу заштита од предизвикување на пожари, особено заради можноста за палење на нивите и суви предели со трева долж патната мрежа со фрлање запалив отпад како отпушоци и слично. Беше апелирано до возачите додека патуваат со своите моторни возила или се движат во предели каде има шуми и сува трева да не фрлат запаливи предмети, догорчиња на цигари или да се пали оган со цел да не се предизвика пожар во шумите и други места. Воедно на граѓаните им беа делени и едукативни летоци изработено во соработка со ЈП„Национални шуми“.