Полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Велес денеска (22.09.) во соработка со наставниот кадар од Средното општинско училиште „Добри Даскалов“ од Кавадарци, реализираа превентивна активност по повод „Европската недела на мобилност“. На активноста на која што се приклучија и ученици од другите училишта во Кавадарци, тие пеш и со велисипеди продефилираа низ дел од улиците во градот, се до излетничкото место „Моклиште“, а се во насока на демонстрирање на потебата од поголема мобилност и физичка активност, наспроти користењето на автомобилите и другите моторни превозни средства.
Дополнително, од страна на полициските службеници од Отсекот за превенција на присутните им беа поделени едукативни материјали со информативни содржини за популаризирање на употребата на велосипедите и физичкиот ангажман во интерес и на безбедноста во сообраќајот и во интерес на здравјето и чистата животна средина.