Ученици од охридските основни училишта „Глигор Прличев“ и „Кочо Рацин“, во соработка со полициски службеници од СВР Охрид, а по повод „Европската недела на мобилност“, низ охридските улици организираа возење велосипеди. На оваа манифестација која се одвиваше по трасата на улиците „Димитар Влахов“, „Македонски просветители“, „Кеј Македонија“, „АСНОМ“, „Туристичка“ и „Кленоец“ учествуваа и ученици од другите основни и средни училишта од Охрид.
Денеска, од страна на полициски службеници од Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај Кичево и во Кичево беа спроведени активности од областа на превенцијата во сообраќајот наменети за сообраќајна едукација на децата. Така, децата од предучилишна возраст од детската градинака „Олга Мицеска“ од Кичево имаа можност практично низ примери заедно со сообраќајните полицајци да се запознаат со основните правила и прописи важни за пешаците. Тие во придружба со полициските службеници се движеа долж улиците „Булевар Ослободување“ и „11 Октомври“ и беа запознати со правилното движење по тротоарите и правилното минување на сообраќајниците со помош на семафорите и пешачките премини. Исто така им беше покажано како безбедно да се движат со велосипедите и тротинетите.