Полициски службеници од Отсекот за превенција на Секторот за внатрешни работи Тетово денеска (21.09.2023) реализираа уште една од планираните превентивни активности на пазарите во регионот. Овој пат тие беа на тетовскиот пазар и остварија средба со повеќе продавачи и купувачи на кои им беа делени летоци со наменски информации, а споделија и совети - како најефикасно да се заштитат од џебни и други кражби и измами. Притоа, полициските службеници посебно ги советуваа граѓаните да бидат докрај претпазливи кога им се нудат производи со сомнително потекло и квалитет или кога им се ветуваат брзи испораки на поевтини производи од реалните, пред сѐ огревни дрва или различни видови земјоделски производи.
Целта на денешната посета на тетовскиот пазар беше да се превенираат можните кражби и измами, кои неретко се случуваа токму на пазарите во регионот. До крајот на овој месец ваква активност се предвидува и на гостиварскиот голем пазар.